Рајо ја шокираше Барса на „Камп Ноу“

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговите соиграчи од Рајо Ваљекано успеа да не бидат совладани на „Камп Ноу“ и на навивачите на Барселона им приредија уште еден сенза ионален порази.

Во заостанатиот натправар Каталонците го примија погодокот уште во 7 минута, преку Алваро Гарсија, кој од десната страна го измами домашниот голман Марк-Андре Тер Штеген.

За Барселона ова е дури третиот пораз на домашен терен во само десет дена, откако беа елиминирани од франкфуртски Ајхнтрахт со 2:3 во Лига Европа и победени од Кадиз со 0:1 во Примера.

Рајо Ваљекано со оваа победа всушност му ја потврди титулата на Реал Мадрид, кому сега му недостасува само еден бод во последните пет кола за освојување на титулата во Шпанија.

Реал е прв со 78 бодови, Барселона остана втора со 15 бодови помалку а 63 бода има и третопласираната Севилја. Сѐ уште актуелниот шампион Атлетико Мадрид е четврти со 61 бод. Рајо Ваљекано сега има 40 бодови и е 11-ти на табелата, десет бодови над опасната зона.