Рајо Валјекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со победата од 1:0 во неделата во 16-то коло од шпанското фудбалско првенство го продолжи подемот на првенствента табела.
Рајо пред своите навивачи го совлада повредникот во Примера благодарејќи на несреќниот гостински играч Леандро Канрера кој ја погоди сопствената мрежа во 54 минута.
Рајо Валјекано сега ѝ побегна на четири бодови предност на шестата Барселона, а со 27 бодови заостанува само два бода зад петтиот Реал Сосиедад и четвртопласираниот Атлетико Мадрид. На чело на Примера е Реал Мадрид со 39 бодови, Севилја е втора со 31 а трет е Реал Бетис со 30 бодови. Еспањол моментално е безбеден 11-ти со 20 бодови.
Валенсија ја прекина низата од три последователни ремија и со 2:1 на гости во Виго ја совлада Селта. Домашните поведоа во 11 минута со голот на Иаго Аспас, но следеа погодиците за гостите на Уго Дуро во 19 и Максимилијано Гомез Гонзалес во 53 минута.але
Валенсија се врати на осмата позиција со 22 бодови, а Селта е 14-та со 16 бодови.
Леванте и Осасуна одиграа без голови, па Леванте сѐ уште нема победа сезонава а со осум бодиви е последно 20-то, а Осасуна е деветта со 21 бод.
Елче со 3:1 оствари домашна победа над Кадиз. Домашните имаа два гола предност преку пеналот што го реализираше Фидел Чавез во 13 и голот на Тете Морент во 75 минута, а гостите внесоа неизвесност кога гол постигна Алеск Фернандез во првата минута од судиското продолжение на мечот, но сепак две минути подоцна победата ја завери Хозе Андонио Фернандез Помарес.
За Елче ова беше важна победа зашто сега со 15 бодови дојде до 16-то место и се одлепи од Кадиз кој остана на 12 бодови и на 18-то место, во зоната на испаѓање.
Колото во понеделник го затвора мечот Хетафе – Атлетик Билбао.