
Британскиот премиер Борис Џонсон немал никаков контакт со својот заменик, шефот на британската дипломатија Домниник Раб, откако тој ја извршува неговата премиерска функцијата, изјави денеска Раб и додаде дека има доволно моќ да ги донесе склучните одлуки во негово име и без него.
Запрашан на денешната прес конференција дали разговарал со Џонсон откако ја презел новата привремена функција, Раб кажа дека се уште не разговарале и дека мисли дека е важно, особено додека премиерот се наоѓа на интензивна нега, да му се овозможи да се фокусира на заздравувањето, пренесоа британските медиуми.