Еден рабин е именуван за верски советник во германската војска, прв пат во 100 години и 76 години по завршувањето на Холокаустот.
Рабинот од Саска, Золт Бала, официјално е именуван денеска, објави парламентот на твитер. Татко е на три деца, а 42-годишниот Бала емигрирал од Унгарија во 2002 година. Вели дека е свесен за историската одговорност за служење на војниците од еврејската вера.
Тој рече дека сака околу 300 еврејски војници да се чувствуваат вклучени во оружените сили како и во другите земји, посебно во САД/ „Тоа нѝ е цел“, иајави на државното радио Бајеришер Рундфунк.
Силен политички знак
Бала, кој останува на сегашните должности во Лајпциг, има намера да се бори против антисемитизмот и сите други облици на расизам, со цел основање подобро германско друштво. Претседателот на советот на Евреи, Јозеф Шустер, ја поздрави војската во која нема место за политички екстремизам и нетрпеливост.
„Тоа именување е силен политички знак против антисемитизмот не само во нашите единици туку и во целиот свет“, реагираше надлежниот за борба против антисемитизмот во владата, Феликс Клајн.
Свештетниците пружаат верски услуги за 94.000 војници христијани. Верските советници нудат совети за етички прашања и ги водат војниците во текот на обуката. По Првата светска војна повеќе немаше еврејски верски советници. Во германската војска последните години имаше неколку случаи војници симпатизери на крајната десница и неонацисти, посебно во спесијалните сили.