
Фонд за иновации и технолошки развој организира работилница „Thinking Big– Како до глобален стартап“, во вторник на 05.06.2018 во Јавна соба, конференциска сала од 9 до 16 часот.
Работилницата за улогата на акцелераторите, создавање на еко систем и стратегија за развој на стартапи и нивно лансирање на глобалните пазари ја водат експерти од Силиконска Долина кои во улога на основачи и ментори имаат помогнато на голем број старт ап компании:
– Kрис Бери (Chris Burry), Co-CEO на US Market Access Center и основач на Avande (Accenture), најголемата консултантска компанија во светот со обрт од преку 4 милијарди долари и повеќе од 30.000 вработени
– Стив Аделман (Steve Adelman), директор на Wharton Business School Accelerator во Сан Франциско, директор на управниот одбор на мрежата на бизнис ангели Wharton Alumni Angels of Sillicon Valley и ментор на LaunchPad на UC Berkley и Stanford.
Работилница е поделена на три сегменти:
– Стратегии за полесен пристап до глобалните пазари, презентација на веќе докажани практики и студии,
– Пренесување на искуства во областа на креирање на одржлив претприемачки екосистем, влијанието на изворите за финансирање и
– Улогата на акцелераторите во целиот екосистем.
Вашето присуство задолжително најавете го на [email protected]