Работилница за избор на нови депонии во источна и североисточна Македонија

Според заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, работилницата се одржува во фаза на проектот кога треба да се изберат локациите за регионалните депонии.

– Во оваа фаза, ова е круцијална средба каде треба да се донесе одлука за тоа, каде ќе бидат ликациите кои се наоѓаат на потегот Свети Николе – Куманово, истакна Темелковски.

Тој информира дека во тек е завршната фаза и на регионалните планови во четирите региони кои одат по иста постапка како источниот и североситточниот регион.

Раководителот на Секторот за соработка при делегацијата на ЕУ во РМ, Никола Бертолини,  рече дека управувањето со отпадот треба да дел од начинот на живот во секоја земја.

– Граѓаните се најважен партнер во овој процес, но тие треба да бидат едуцирани за оваа тема. Начинот на кој го третиртаме отпадот  е дел од нашено образование и целиот процес почнува со едукацијата, нагласи Бертолини.

Потенцира дека не смее да се дозволи земјата која треба да стане членка на ЕУ да нема систем за управување со отпад.

Како можни локации за избор на депонија во источниот регион идентификувани се депониите во Штип, Кочани, Свети Николе, Штип-каменолом, Чешиново, Црн Врв, Мечкуевци-Арбашинци и Истибања-Прелевец. Во североисточниот регион предложени се депониите во Куманово и Крива Паланка, каменолом Старо Нагоричане, Ранковце-каменолом и К’шање 1 и 2.

На новинарско прашање за поставување на филтри на Југохром Темелковски рече дека интезивно се работи и дека во најскоро време треба да бидат инсталирани  филтрите во фабриката во Тетово.