Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева Змејкова, беше домаќинка на работната посета на Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија и секретарката, Сузана Тунева Пауновска.
Целта на работната посета беше презентирање на активностите кои ги презема Црвениот Крст на Македонија, на планираните проекти за 2014 година, како и модалитетите на соработка меѓу Фондот за здравствено осигурување и Црвениот крст на Македонија.
На состанокот стана збор и за превентивните програми на Црвениот крст, прашањето за здравственото осигурување на бездомниците, крводарителските акции во Република Македонија и беше договорено да се потпише Меморандум за соработка во областитите во кои ќе се реализира соработката меѓу Фондот и Црвениот крст.
Директорката Парнарџиева Змејкова истакна дека е секогаш отворена за соработка со сите здруженија и институции кои придонесуваат во подигнувањето на свеста кај граѓаните како и од важноста за редовни како и превентивни здравствени контроли, со цел подобра благосостјба на сите граѓани, за што се договорија предавања на определени целни групи.