Објектите во рамки на Олимписките игри во Сочи ги градеа илјадници евтини работници од земјите од централна Азија, од поранешните земји членки на СССР и од Балканот, а на многумина од нив работодавачите им останаа должни за поголем дел од договорената заработка. Голем број работници доаѓале од Босна и Херцеговина и Србија, пишуваат „Ројтерс“ и „Ал Џезеира“.
Ветувано им било дека за два месеци ќе заработат повеќе отколку во своите родни земји да работат цела година.
Во јануари во Србија од Сочи се депортирани повеќе од 100 работници откако руските полицајци на тамошните градилишта ги уапсиле бидејќи немале работни дозволи.
Еден од поранешните српски работници во Сочи, Саша Матиќ од Шабац, раскажувал за несигурниот договор, но рекол дека „платата била добра“.
„Кога слушнав за депортацијата веднаш побегнав. Седум дена со воз и авто-стоп патував до дома. Во Сочи работев како молер, без договор и работна дозвола. Иако ми ветија 4.000 евра месечно, добив само два пати по 600 евра и тие ги потрошив за храна“, рекол Матиќ.
Работата, како што наведува тој, била завршена и пред рокот, но кога побарале плана „дошол еден Русин со пиштол, кој изгледал како негативец од гангстерските филмови“. Работниците си ги зеле само тие малку пари кои што ги добиле и си заминале.