Работнички им се врати на победите. “Романтичарите” со триумф од 2:0 над Металург го прославија 78-от роденден на клубот од Дебар Маало.
Мите Цикарски од пенал во 45-та минута донесе водство за домашните, а во тие моменти гостите останаа и со играч помалку поради исклучувањето (два жолти картони) на Дарко Илиевски. Во 48-та минута Баже Илијоски зголеми на 2:0, а подоцна истиот играч не успеа да реализира и пенал.
Вардар очекувано славеа на гостувањето во Кратово против Силекс.
Немања Мијушковиќ во 30-та минута го отвори резултатот, а Хофханес Хамбарџумјан во 66-та минута го постигна вториот гол за актуелниот шампион, со кој и беше решен мечот. Во завршницата и Јасир Асани се запиша меѓу стрелците.
Прва лига, резултати 9-то коло:
Силекс – Вардар 0:3
Шкупи – Шкендија 0:2
Работнички – Металург 2:0
Ренова – Брегалница 1:1
Х. Турново – Младост ЦД 1:0
Табела: Шкендија 24, Вардар 23, Силекс 13, Младост ЦД 12, Шкупи 11, Работнички 10 (-1), Брегалница 10, Х.Турново 9, Ренова 6, Металург 5.