
Вработен во електродистрибутивната компанија ЕВН загинал откако во саботата околу 9 часот и 30 минути паднал од далновод во близина на тетовското село Џепчиште.
-Во СВР Тетово околу 9.30 часот вработен во ЕВН пријавил дека неговиот колега Д.С (43) вршејќи интервенција односно отстранување на дефект на далновод паднал и починал. Повикана е итна медицинска помош која констатирала смрт – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во тек е увид кој го започнаа да го вршат јавен обвинител и службите на СВР Тетово.