Шеесет годишниот Ф.С. од гостиварско Чегране, работејќи во фабрика во Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Несреќата, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски се случила вчера околу 14:15 часот.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и трудов инспектор.
Нешто подоцна, на скопските клиники Ф.С. им подлегнал на повредите, а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.