Работниот стаж ќе може да се откупи за да се добие пензија

Сите граѓани кои наполниле 65 години а немаат 15 работен стаж поради неплатени придонеси ќе можат да го откупат за да добијат пензија.

Законот беше усвоен синоќа, а  од Фондот за ПИОМ информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност. Директорот на пензискиот фонд, Шаип Зенели вели дека на повеќето граѓани им фали стаж од неколку месеци, но дека има и такви на кои им фалат 3 или повеќе години. Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20% од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал и на тој начин да се стекне правото на семејна пензија.