Работното време на жичницата продолжено за два часа

Поради убавото време, Јавното сообраќајно претпријатие ќе го продолжи за два часа работното време на Жичницата, која го поврзува Средно Водно со Милениумскиот крст.

Продолженото работно време ќе важи до крајот на арил, а последното возење од врвот на Водно ќе биде во 18.45 часот.