Работодавачите, синдикатите и Владата се одговорни за социјалната сигурност и за економските прилики во државата.
Договорите за покачување на минималната плата се токму во таа насока, вели претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошковски, за МТВ.
„Не смееме да заборавиме дека ова на некој начин овозможува и ги потсетува работодавачите дека своите системски решенија во компаниите ќе треба да ги осовременат, да ги спроведат на високо ниво и да можат да бидат задоволни од учинокот на работниците и работните задачи“, вели тој за телевизијата.
Бошковски истакна дека поголем дел од македонските работодавачи исплаќаат поголема плата.
„Ова е удар и трошок за микропретпријатијата, за занаетчиите и за самовработените, но треба да знаат дека со овој потег се загарантира сигурноста и мотивацијата во компаниите и претпијатијата“, рече тој.
Денеска и синдикатите ја поздравија новата владина мерка со која три години по ред, почнувајќи од март 2014-та, ќе биде зголемувана минималната плата.