Радикални исламисти убиле најмалку осум цивили во Сомалија

Најмалку осум цивили се убиени во престрелка меѓу припадници на радикалната исламистичка групација ал-Шабаба, која нападна хотел во сомалиската престолнина Могадишу, и припадници на компанија за обезбедување кои се обиделе да ги неутрализираат, изјави во саботата претставник на компанијата.

„Силите за обезбедување продолжија со неутрализација на терористите кои беа фатени во обрач во една соба во хотелската зграда. Повеќето луѓе се спасени, но во овој момент можеме да ја потврдиме смртта на осум цивилни лица“, изјавил припадник на хотелското обезбедување Мохамед Абдикадир.

Цел на нападот извршен со два автомобили-бомби бил хотелот „Хајат“, едно озило удрило во оградата во близина на хотелот, а другото во хотелската порта.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

Хотелот „Хајат“ е популарно собиралиште на пратеници и владини претставници. Нападот е првиот поголем напад откако претседателот Хасан Мохамуд ја презеде функцијата во мај.