Се градат нови, се обновуваат стари улици. Градежната оператива е на терен. Оваа 2015-та година во општина Радовиш дефинитивно ќе биде одбележана како година на инвестиции во инфраструктурата.
Водени од потребата за унапредување на квалитетот на живот во руралните средини, Општина Радовиш дава посебен приоритет на обновување на патната инфраструктурата во населените места.
Во село Јаргулица викендов се заврши со асфалтирањето на улици во должина од 1361 метри и ширина 8 метри, инвестиција вредна 11.500.000 денари обезбедени од буџетот на општина Радовиш.
Жителите на селото се задоволни од тоа што конечно се решава проблемот со улиците во селата.
– Добро е што се гради и добро се гради. Патишта немавме како што треба, ама сега личи на нешто, вели еден од жителите.
-Ако не беше градоначалникот. Зошто претходно не се направи? Сега се направи се, се е убаво, вели друга повозрасна жителка на селото.
Фирма изведувач на асфалтирањето на улиците е „Коле техника“ од Штип, а надзорен орган е „Еуро Консалтинг“ од Скопје.