Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, денеска изјавил дека референдумот за независноста на Каталонија, планиран за деветти ноември, нема да се одржи бидејќи не е легален, пренесуваат шпанските медиуми.
„Тој референдум не може да се одржи бидејќи не е легален“, рекол Рахој во шпанскиот парламент во текто на годишниот говор за состојбата на нацијата.
Само шпанскиот народ, смета тој, има право да одлучи што ќе се случува со Шпанија. Тој вели дека никој не може еднострано да го лиши целиот шпански народ од правото да одлучува за својата судбина.
Владејачката коалиција во шпанската провинција Каталонија, на чело со Артус Мас, како и со поголемиот дел од партиите, планира на деветти ноември оваа година да организира референдум на кој на гласачите ќе им бидат поставени две прашања: Дали сметате дека Каталонија треба да биде држава или не и Доколку одговоривте со да, дали сакате таа држава да биде независна?