Раиконен: Докажав дека многумина не беа во право

Финецот Кими Раиконен вчера во Остин дојде до својата 21. победа во Формула 1, прва по 2013 година кога славеше во Австралија на „Алберт парк“. Оттогаш многумина се сомневаа во него, но тој продолжи да „вози по свое“.

Ова за мене не е голема работа, таа е поважна за многу други луѓе. И да не победев ништо не би се променило. Среќен сум што сме овде и што победивме, но мислам дека најголема разлика е како луѓето сега гледаат на мене. Ако луѓето ги гледате така во зависност дали тие победуваат или губат, тоа во мојата глава не прави голема разлика. Но среќен сум што докажав дека некои луѓе не биле во право и тоа ме забавува, изјави  Раиконен по победата.

Финецот во следните две сезони ќе вози за „Заубер“ и засега не се грижи за својата возраст, иако има 39 години.

Можеби сум постар, но не е толку лошо. Уживам што имам уште неколку години возење. Ќе видиме што че биде на следната трка, а повторно ќе одиме на победа, рече Раиконен.

Формула 1 шампионатот продолжува веќе следниот викенд со Големата награда на Мексико во Мексико Сити, а на Луис Хамилтон му се потребни уште пет поени за да ја освои својата петта титула шампион.