Ракетен напад врз аеродромот во Ербил

Напад со дронови или со проектили е изведен во саботата вечерта на меѓународниот арродром во Ербил во северната автономна крудска покраина во Ирак каде се сместени американските сили, објавија безбедносни функциоенри на ирачките Курди.

Претходно безбедносната служба на ирачката курдска автономба област, чиј лавен град е Ербил, објави дека најмалку три ракети паднале во близина на меѓународниот аеродром.

Меѓутоа, според друга изјава на курдските противтерористички сили, нападот е изведен со дронови.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви. Агенцијата Reuters, повикувајќи се на изјави од очевидци дека во споменатата област се слушнале шест експлозии, а оти биле истрелани три ракети.

Но локалниот курдски телевизиски канал Rudaw извести дека ракетите биле истрелани од беспилотни летала.

Аеродромот во Ербил повеќепати беше нападнат минатата година, а атентат изведоа припадници на сунитската џихадистичка групација Исламска држава чија цел се Курдите и во Ирак и во Сирија. Но, САД за нападите ги обвинуваат силите на мнозинските шиитски мислимани во Ирак, кои ја имаат поддршка од Иран, по инерцијата од иранските ракетирања на ирачките бази во кои се сместени американски трупи во периодот на ескалацијата на американско-иранските тензии пред две години.