Ракиќ: Србите да не наседнуваат на провокации иако Приштина го загрози мирот

Претседателот на „Српска листа“, Горан Ракиќ, изјави дека одлуката на Приштина за трансформација на Косовските безбедносни сили во армија го загрозува мирот на Косово и ја нарушува резолуција 1244 на ООН, во која е предвидено да не се формира друга вооружена формација на Косово освен КФОР.

Во име на Кризниот штаб на локалната самоуправа, сите четири општини на северот, ги повикувам Србите да не наседнуваат, без разлика каде живеат, на провокации, бидејќи провокации ќе има, рече Ракиќ.

Тој напомена дека целта на Србите е да се одржи мирот.

Ние не сме сами во ова, државата Србија, а и претседателот Вучиќ, постојано нагласува дека нема да дозволи никакви напади врз српскиот народ, додаде Ракиќ.