Пред некој ден, таткото на хрватскиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Севилја, Иван Ракитиќ, откри дека неговиот син има добиено понуда од најмоќните клубови во Шпанија, Барселона, Реал (М) и Атлетико (М), но според последните информации кои пристигнуваат од Андалузија, одличниот играч за врска веќе донел конечна одлука околу следната дестинација во неговата фудбалската кариера.
Поранешниот фудбалер на Базел и Шалке, веднаш по завршетокот на престојниот Мундијал во Бразил и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на каталонскиот гигант Барселона.
Од продажбата на репрезентативецот на Хрватска, раководните лица на Севилја очекуваат заработувачка од најмалку 20 милиони евра.