
Ракометната репрезентација на Македонија оствари победа против Србија со 37:31 (19:13) во првата од двете контролни средби пред Светсткото првенство 2019, кое се игра од 10-ти до 27-ми јануари во Германија и Данска.
Вечерва во „ВИП арена“ во Скопје, избраниците на Раул Гонзалез одиграа одличен меч, во кој доминираа. Во 42 минута, „црвено-жолтите“ стигнаа и до двоцифрена предност (27:17) а потоа македонските ракометари смирено го приведоа натпреварот кон својот крај и конечна победа од пулс шест.
Најпрецизни во составот беа Манасков со 9, Кузмановски со 6 и Лазаров со 5, додека кај Србија Марсениќ реализираше 3 голови.
Втората проверка се игра во недела, но средбата ќе биде затворена за јавноста.