Ракометната репрезентација на Македонија со пораз го заврши првиот натпревар во квалификациите за Летните олимписки игри во Рио.
Во натпреварот од 1.коло на група 1, чиј домаќин е полскиот град Гдањск, македонските ракометари загубија од Полска со 25:20, а на полувреме резултатот беше 13:9 за домаќините.
Капитенот Кирил Лазаров со 8 постигнати голови беше најефикасниот наш ракометар, а Гоце Георгиевски и Дејан Манасков постигнаа по 4 голови за црвено-жолтите.
Во победничката репрезентација најефикасен беше Карл Бјелецки со 7 гола.
Во првиот натпревар од оваа група Тунис убедливо со 35:29 го победи Чиле.
Утре нашите ракометари ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Тунис. Натпреварот се игра утре од 18 часот и 30 минути. Во вториот меч ќе играат домаќинот Полска и Чиле.