Ракометарките на Вардар по петти пат се пласираа на финалниот турнир во ЛШ

Европските вицешампионки, ракометарките на скопски ЖРК Вардар суопериорно го одиграа реваншот со дански Митјиланд и го потврдија петтиот последователен пласман меѓу најдобрите четири екипи во елитната женска ракомента Лига на шампионите .

ЖРК Вардар со 32:25 ги одработи вторите 60 минути против тимот од Данска. Во последниот меч пред домашната публика во „Јане Сандански„ во овој состав, вардарки функционираа одлично. Македонската екипа тргна многу подобро од минатонеделното соочување со Митјиланд и ја покажа разлика уште во првото полувреме.Од 17 -12 на семафорот,Вардар во вториот дел продолжи со уште повисок ритам.Играта на гостинките беше целосно разбиена со предност од 13 голови разлика која овозможи комотен финиш во кој проработеа емоциите и кај Вардарки и кај публиката во салата.

Најдобар стрелец во вардаровиот тим беше Лекиќ со седум голови, Пенезиќ даде пет, додека по четири пати во листата на стрелци се запишаа Радичевиќ, Лакрабер и Кузнецова.

Покрај Вардар,пласман во Будимпешта избори и Ростов Дон против Ференцварош (32-22).Вечерва се очекува и Ѓер да ја потврди Ф4 позиција во дуелот со Будуќност.Утре во последниот меч од четвртфиналето,Букурешт има залиха од 34-21 за реваншот со Мец.