Ракометарките поразени од Чешка

Женската рекометна репрезентацијата на Македонија го претрпе во саботата и вториот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, овојпат на домашен терен од Чешка со 29:37.

Така сега шансите да се сотвари подобар пласман во овој циклус квалификации се сведени само на теоретски, па сега може само да се води битка за третата позиција во групата против Португалија.

МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА            29:37  (14:14)

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 500. Судии: Илир Битиќи и Суарт Касапи од Косово. Делегат: Гергели Ватај од Унгарија.

МАКЕДОНИЈА: Серафимова (8 одб., 2 сед.), Петковска, Антиќ (1 одб., 1 сед.), Николовска 1, Гакидова 4, Ѓорѓиевска 5, Николиќ, Јанкуловска 2, Стојановска, Кипријановска, Калајџиевска, Ристовска 4, Џатевска, Ливриниќ 12, Саздовска 1.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 4 мин.

ЧЕШКА: Сатрапова (7 одб.), Кудлачкова, Кнедликова, Конечна, Мика 1, Квасова 1, Полашкова, Кордовска 3, Корешова 11, Хуричова 2, Сусткова, Адамкова 2, Марчикова, Захова 7, Јерабкова 7, Мала 3

Седмерци: 7/10, Исклучувања: 6 мин.