Ракометарките заминаа за Романија со надеж за добар резултат против домаќинот

Македонските ракометарките со чартер лет заминаа за Букурешт, каде утре ќе го играат првиот натпревар од двомечот против Романија во баражот за пласман на Светското првенство.
Иако беше најавено дека нема да настапи на против Романија поради приватни причини, сепак Симона Стојковска ќе биде на располагање на  селекторот Симе Симовски, кој сега добива уште една квалитетна опција во бековската линија, имајќи во предвид дека Стојковска игра во одлична форма за германскиот тим Цвикау.
Утрешниот дуел меѓу женските ракометни селекции на Романија и Македонија ќе стартува во 17 часот.
Реванш средбата ќе се игра во Скопје во среда (21 април, почеток во 17 часот) во СЦ „Јане Сандански“.