Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

рама

Гостувајќи во телевизјата Клан Косова порачува дека Македонците треба да знаат дека Македонија не може да постои без Албанците.

Рама зборува и за платформата на Албанците, потпишана во Тирана, која, според него, не е провокација. Притоа негира дека се меша во внатрешните работи на Македонија и рече дека не му е важно дали Груевски или Заев ќе ја формираат новата влада, туку прифаќањето на албанската платформа.

Според него, платформата не е провокација, туку платформа која произлегува од Охридскиот договор. Во таа насока, тој оцени дека го цени придонесот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На интервјуто за Клан Косово, покрај Рама, беше и косовскиот претседател Хашим Тачи. Тој изјави дека Албанците во Македонија се дискриминирани, иако како што рече, се клучен фактор во изградбата на државата. Сличен став имаше и Рама кој претходно, за албанските медиуми оцени дека Албанците во Македонија не се малцинство, туку државотворен фактор за опстанокот на земјата.