Рама за „Меркур“: На ЕУ и треба Западен Балкан заради сопствената безбедност

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германски „Меркур” оценува дека „заради нејзината безбедност, на ЕУ и е потребен Западен Балкан”.

-На ЕУ и треба Западен Балкан заради сопствената безбедност. Нема смисла да има внатрешна граница со нас. И воопшто нема смисла да го оставиме нашиот регион под влијание на други, вели Рама.

Тој одговара и на прашањето дали мисли на Кина и на Русија.

-Тие се само видливиот дел. Не заборавајте дека во регионот живеат христијани и муслимани. Би било лудост да се остави Западен Балкан отворена врата за радикализација и тероризам. Дојде време ЕУ да го разбере ова, смета Рама.

На констатацијата на новинарот дека тензиите во регионот растат, при што посочува дека Србија поставила блиндирани возила на границата со Косово, шефот на абанската Влада вели дека „тоа не може да се спореди со тензиите од претходните времиња”. Според Рама воените конфликти настануваат кога државите се изолирани, а не кога се во една заедница. Како пример ги шпосочува позитивните случувања што ги донесоа француско-германските односи или случајот со Ирска. Ризикот ЕУ да внесе конфликт внатре во домот е мал, вели меѓу другото албанскиот премиер Рама кој за создавањето на Голама Албанија со обединувањето на неговата земја со Косово смета деке шансите за такво нешто се пореални доколку регионот остане надвор од ЕУ отколку ако биде под капата на европското семејство.