Рамчиловиќ: СЈО немајќи храброст да се соочи со вистински криминал, без трунка срам удри по 5000 Бошњаци

-Денеска СЈО немајќи храброст да се соочи со вистински криминал и тоа неселективно по било кој критериум, без трунка срам удри по 5000 Бошњаци (1/4 од вкупниот број на Бошњаци кој живее во Република Македонија) кои директно егзистираат од работата на две од споменатите три фирми на денешниот прес на СЈО. ВНИМАВАЈТЕ, не за криминал при ископот, непринципиелни договорања и сл., туку за наводни карактеристики на една “дробилица” при учество на тендер. Ако на овој начин доаѓа “живот” за нас Бошњаците, тогаш прв ќе сум во редот на тие што нема да дозволат ЗАЕВ да не ЗДРОБИ, пишува пратеникот Зеќир Рамчиловиќ на Фејсбук.
ramcilovik