За многу лица изненадување, но за мене сосема очекувана беше одлуката на САД, високиот кадар на ДУИ, високиот кадар на Владата (преку министерот за образование Јетон Шаќири кој е професор на Универзитетот на Мерко во Струга!) да си ја добие заслужената титула – НОНГРАТА, односно да се најде на заслуженото место на ЦРНАТА ЛИСТА на КОРУМПИРАНИ КРИМОСИ!
Зошто?
Едноставно затоа што уште пред многу години кога оваа нонграта личност за САД беше во залет и стави рака на високото образование во нашата држава заедно со неговиот пулен Армен Кадриу, не овозможија да се изврши просветен надзор од мене во т.н. универзитет во Струга! Сеуште се сеќавам на заканите, на малтретирањето од тој период. Непрофесионалниот судски процес на судиите на Основниот суд – Струга и ОЈО-Струга. Посебно се сеќавам на колегите кои застанаа против мене со спроведување на дисциплинска постапка и цврсто го одбранија криминалот на Универзитетот во Струга! Ама до тука било! Стигна ферманот од САД! Оттогаш, водам битка со оваа криминална банда и редовно ги известував дипломатите во нашата држава, но и јавноста со колумни затоа што никогаш ништо не работам зад грб. Оттогаш и Рамиз Мерко верувам дека станал интерес на меѓународниот фактор за следење на неговото коруптивно однесување.
Денес е посебен ден за демократијата во нашата држава. Затоа голема благодарност изразувам до САД и посебно до нејзината екселенција, амбасадорката Агелер која промовира нов пристап, на огромно задоволство на граѓаните на нашата држава-МАКЕДОНИЈА!
Образовниот криминал што се спроведува на Универзитетот во Струга, но и во уште неколку приватни високообразовни институции во нашата држава ја убива демократијата секојдневно. Со секоја продадена диплома, со секоја криминална заработка од црниот пазар со дипломи полека се убива правото во нашата држава. Затоа сметам дека покрај Мерко постојат и уште неколку, а најмалку две (2) високообразовни институции за кои јавно се зборува дека продаваат дипломи за еден ден, но за високи суми. И тие треба да бидат опфатени и да се провери имотот на сопствениците на тие приватни универзитети и истите да се конфискуваат. Затоа предлагам истражните институции интензивно да работат на следење на случаи на продавање на дипломи и очекувам набрзо апсење на оние кои што се налогодавачи – сопствениците на приватните универзитети, на студентската служба која ги изготвува фиктивно пријавите и дипломите и на оние коишто ги потпишуваат. Оваа акција ќе биде вистински бум!
Но, тука не треба се запре! Во ова група треба да влезат и просветните инспектори кои изготвуваат фиктивни записници и кои преку злоупотреба не ги проверуваат документите кои им се даваат при надзорите од приватните универзитети, туку многу често и со фалсификувани документи ги изготвуваат записниците. Предлагам итно да се контролираат матичните книги и податоците од нив да се споредат со документите за секој студент кои се наведени во овие книги, дали се реални или фиктивни?
Почитуван директор на Државен просветен инспекторат, веднаш да се испратат инспектори во приватните универзитети за кои јавна тајна е дека продаваат дипломи и да се поништат истите.
Најголемата одговорност е кај студентската служба која ги подготвува сите овие материјали и заработува високи суми финансии.
Но, да се вратам на личноста – НОНГРАТА. Дали е срамно професор од неговиот универзитет да го води Министерството за образование и наука? Колку ќе беше демократски спорниот професор Јетон Шаќири да си поднесе оставка заради неговиот претходен работодавач кој сега оцрнет од горе до доле! Јатон замини си веднаш, затоа што пред да станеш министер, беше дел од тимот на универзитетот на личноста НОНГРАТА!
(vidi poveke:focus.mk/arhiva-ministetot-za- obrazovanie-bil-docent-kaj merko-bez-priznaena-diploma/
Со одлуката на САД се покажа дека корупцијата има име и презиме – РАМИЗ МЕРКО! Но и неговите пипци, неговите кадри кои се дел од оваа група. Јас сум подготвен да помогнам на правдата во секој момент. Но, тешко со ова обвинителство кое има доверба од околу 3%. Исто така, не и со МВР затоа што кога им пријавував криминал за овие лица тие мене ме убедуваа дека ако тоа го сторат ќе им падне коалицијата. Е сега, нема да им падне коалицијата, туку ќе им падне владата. И ќе лежат долги години затвор!
Посебна одговорност треба да има за МВР и ЈО кои не го истражувале овој криминал со години и го ставале под тепих. Ееее, се чекаше од Америка да стигне глас! Но, дали тој глас го слушнале Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери!!! Можеби ќе не изненадат со тоа што и тие може да се најдат на оваа листа до крајот на оваа година. И тоа заслужено, како и Мерко. Тие се иста тајфа, иста партија, исти цели и ист крај треба да имаат. За доброто на нашата држава!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес