Рамковните административци кои седеа дома и земаа плата кончено ќе се распределуваат

На предлог на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска на 26-та седница на Владата, усвоен е нацрт-законот за систематизација на административните службеници вработени преку програмата за правична и соодветна застапеност, Програма К- 5, односно ќе се распределат Рамковно вработените,  велат за Плусинфо извори од Владата.

Административните службеници ќе бидат распоредени во органите на локалната и државната управа, како и во другите државни тела основани во согласност со Уставот и законот. Исто така, оваа категорија на вработени ќе биде систематизирана во институции кои вршат активности од областа на образованието, науката, здравството, културата, социјалната заштита и заштитата на децата, спортот, како и во други активности од јавен интерес утврдени со закон, во агенции, фондови, институции и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општини, од Градот Скопје, но исто така и од општини во градот.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најдоцна во рок од 15 дена по влегувањето во сила на законот, ќе предложи план на Владата за побрзо распределување на Рамковно вработените кои седеа дома, а примаат плата.