Ранет полицаец во експлозија пред црква во центарот на Атина

Импровизизрана експлозивна направа ранила полицаец кога во четвртокот утрото експлодирала пред црква во центарот на грчката престолнина Атина, објави јавната телевизија ERT.

Експлозијата одекнала пред црквата посветена на свети Дионизиј во квартот Колонаки, околу седум часот утрото. Полицаецот е префрлен во болница, а областа околу црквата е блокирана.

„Полицаецот забележал кутија пред влезот во црквата и тоа му се сторило необично. Експлозијата не била силна, ранет е по лицето и рацете“, изјавил за телевизијата полициски службеник.

Помали напади врз финансиски институции и голем компании, полицијата и политичарите, како и врз медиумите не се невообичаени во Грција, која има долга историја на политичко насилство.

Така експлозивна направа беше детонирана во близина на зградата на телевизијата SKAI TV во грчката престолнина Атина минатиот понеделникот, при што беа уништени прозорците на шесте катови предизвикувајќи голема материјална штета. Телевизијата SKAI TV е една од најголемите грчки телевизии и е дел од медиумската куќа која вклучува и радио станица и соработка со дневниот весник Kathimerini.