По најновата крвава драма во Србија во која 13-годишник со секира и со нож повреди мајка и син во селото Радоево кај Зрењанин, медиуми пренесуваат детали за повредените и за тоа што слушнале соседите.
Соседите од селото Радоево сведочат дека слушнале како повреденото момче, 17-годишниот М.С. трчало по улицата и викало. Кога излагле да видат што се случува во пронашле со убодни рани во стомакот, пренесува српскиот медиум „Блиц“.
Мајката на 17-годишниот М.С., 57-годишната В.С., била најдена во својот дом со повреди на главата.
Жители на селото велат дека на повреденото момче му била отстранета слезината, а му биле оштетени црниот дроб и белите дробови.
-Неговата мајка е на неврохирургија во Нови Сад бидејќи поради ударите ќе мора да оди на уште една операција. Мајката скоро беше оперирана од рак – вели соседка во изјава за „Блиц“
Дел од српските портали пишуваат дека пред два дена малолетниот напаѓач бил со повредениот М.С., со кој наводно се дружеле.
-Малолетниот напаѓач во последно време живее со баба му. Оставен е сам на себе, едно од пет деца е – велат соседите.
Другите соседи немале добро мислење за него затоа што крадел низ селото.
Медиумите објавија дека се приведени мајката и таткото на извршителот на злосторството.
Таткото на кого му е одреден притвот ќе биде гонет за кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетно дете. Против мајката Н. T. (32) исто така ќе биде покрената кривична постапка за запуштање на малолетното дете и за злоставување.
Полицијата се уште не излегла со соопштение за причините за овој немил настан.