Шилегов и понатаму не излегува со конкретен одговор: Како е возможно со минимална плата да се стекне со куќа на три ката од 313 м2, со два автомобили мерцедес и ауди, и стан во Кисела Вода од 88м2, прашува Даниела Рангелова од ВМРО ДПМНЕ.
„Бидејќи е невозможно да се стекне со толку голем имот со минимална плата на која што тој и неговата сопруга пријавиле дека примаат, ние денес прецизно прашуваме, дали тој имот е стекнат затоа што Шилегов помагал на фирмата Семос да добива вредни бизниси? Да потсетиме во фирмата Семос на која Шилегов и помагал да добие вредни бизниси сопственички удел има сопругата на Бранко Црвенковки. Имено со потписот на Шилегов како прв човек на второстепената владина комисија за одлучување по жалби за јавни набавки фирмата на сопругата на Црвенковски добила 4 вредни бизниси. Скоро секогаш кога други фирми се жалеле за неправилности и констатирани нерегуларности во тендерската процедура и неправилности во изборот на најповолен понудувач, одлуката на Шилегов била таа која имала решавачко значење за да Семос го добие бизнисот. И скоро секогаш кога Семос се жалел за неправилности во процедурата, Шилегов таквите жалби ги прифаќал“, вели Рангелова.
Потписот на Шилегов, вели Рангелова, овозможил значаен профит на фирмата на сопругата на Црвенковски.
„За сумите, колку била вредноста на тендерите и конечниот профит треба да одговори токму Шилегов. Вадењето на Шилегов дека тој бил само еден член на комисијата не држат. Шилегов е претседател на комисијата и тој го има последниот збор во секоја одлука на комисијата. Дополнително што ваквото сомнително работење и одбегнувањето на Шилегов да даде одговор на конкретните прашања за многумина е знак од каде е и како настанал несразмерно големиот имот на Шилегов“, истакнува Рангелова барајќи Шилегов да одговори на прашањата во врска со неговиот имот и неговото работење како претседател на Второстепената комисија за одлучување по жалби.