Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова денеска се обрати пред чуварите на демократијата кои кампуваат пред Собрание.
Таа потенцира дека кампот со право е поставен спроти Законодавниот дом, затоа што Собранието е олицетворение на една демократска држава.
-Жените во ВМРО-ДПМНЕ знаат како се сака и како се чува татковината. Наша цел и обврска е на идните поколенија да им ја пренесеме таа одговорност, но и љубов што е цел на нашето постоење, а тоа е зачувувањето на нашиот идентитет. Сметам дека она што СДСМ сега го прави е директен атак врз државата бидејќи работи против интересите на сопствената држава, рече Рангелова.