Рашковски бил на таен состанок со контроверзниот српски бизнисмен Колувија

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, летото 2019, во Ниш бил на состанок заедно со Предраг Колувија, кому сега во Србија му се суди за нелегално одгледување марихуана, и со Зоран Стојковиќ, директорот на српската воена разузнавачка служба (ВОА), објавува „Призма“.

Информацијата денеска ја објави БИРН Србија по увид во документ од истрагата позната како „Јовањица“.

Српската полиција го уапси Колувија неколку месеци по овој состанок, во ноември 2019 година, под сомнеж дека, наместо индустриски коноп, нелегално одгледувал марихуана на плантажата „Јовањица“.

Предраг Колувија, сѐ до апсењето, беше еден од сопствениците на две фирми во Македонија за легално производство на канабис за медицински цели. Бргу по притворањето, македонските власти ѝ ја одзедоа лиценцата на фирмата „ТХЦ Квалити груп“, која веќе произведуваше марихуана близу македонското село Росоман.

Образложението беше дека фирмата не водела евиденција за секое стебло канабис, што е строга законска обврска.

Новинарите на БИРН Србија имале увид во документ во кој пишувало дека на состанокот во нишката кафеана „Мрак“ бил „шефот на кабинетот на премиерот на Македонија, Драги“, меѓутоа, и покрај тоа што пишувало „шефот на кабинетот на премиерот“, БИРН Србија во нивниот текст, според нивните извори, тврди дека, всушност, станува збор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

„Од документот не е јасно која била целта на разговорот во таверната лоцирана на периферијата на Ниш, но се наведува дека била многу важна средба“, пишува БИРН Србија.

Целиот текс прочитајте го ТУКА.