Тие двајца повторно се заедно и на никој ништо не му е јасно.
Станува збор за Џеси Џеј и Ченинг Тејтум, пејачката и актерот кои кон крајот на минатата година ставија точка на нивната врска која траела повеќе од една година.
Странските медиуми сега пишуваат дека тие двајца одлучиле еден на друг да си дадат нова шанса и да пробаат да ја обноват нивната врска.
Како што наведува еден фан, минатата седмица ги забележал Џеси и Ченинг како заедно одат на шопинг и како се држат за рака и делуваат заљубено.
Како што сите ги шокирало нивното раскинување така исто ги шокирало и нивното смиување, а има и онакви кои тврдат дека тие двајца всушност ја продолжиле својата врска, но потајно.
Џеси Џеј по раскинувањето рекла дека е тажно што некој воопшто се занимава со нивната врска и приватност.
„Некогаш нема да биде нормално кога луѓето ќе коментираат, дискутираат и имаат мислење за мојот живот особено со мојот приватен живот. Освен доколку сте го доживеале тоа. Чудно е чувството дури и да се обидам да објаснувам. Знам дека не можам да контролирам што прават луѓето, но можам да ја кажувам вистината. Иако медиумите треба и сакаат да се занимаваат со некоја драма или пак нешто ново во моето последно раскинување немаше никаква драма. Никаква омраза. Никакви трачеви. Едноставно, ние сме само многу нормални луѓе кои се запознале. Излегувавме. Толку многу прекрасно се забавувавме“ – изјавила таа.