Раскинувања што ја одбележаа 2015-тата година

Откако остана сам, Пен беше поврзуван со голем број жени, а таблоидите дури и пишуваа дека тој се смирил со неговата прва сопруга Мадона.

Бен Афлек и Џенифер Гарднер

raskinuvanja-4

Оваа година не им донесе среќа ниту на Бен Афлек и Џенифер Гарднер, кои по десет години заеднички живот се разведоа. Веста за нивниот развод со денови беше централна тема во амариканските таблоиди, а кога поранешната семејсна дадилка беше идентификувана како причина за раздорот меѓу сопружниците, нештата дополнително се искомплицираа. Медиумите го означија Афлек како прељубник, а папараците не го оставаа на мир.

Сепак Бен и Џенифер успеаја да најдат заеднички јазик поради трите деца и ги нормализираа односите, а таблоидите се насочија на други приказни.

Гвен Стефани и Гевин Роздејл

raskinuvanja-5

Слично сценарио како на актерката Џенифер Гарднер и се случи и на пејачката Гвен Стефани, со таа разлика што Гвен со Гевин беше три години подолго во брак. И Гвен слично како и Џенифер има три деца со поранешниот сопруг, кој ја изневери со семејсната дадилка.

Сепак, набрзо откако веста за нивниот развод стана јавна, таблоидите открија деја пејачката нашла нова љубов. Таа е сега во врска со музичарот Блејк Шелтон.