Генарлниот секретар на Владата, Дарги Рашковски, попладнево се огласи на неговиот фејсбук профил по новата снимка т.н.„бомба“, со порака: Многу е едноставен одговорот на сите обвинувања. Јавете се во компанијата Леонардо и прашајте: Дали Генералниот секретар ви побарал материјална или друг вид на корист било кога? – напиша Рашковски.
М-НАВ се закани со тужби и барање на надомест на штета, ако им биде причинета штета по синоќешното објавување на втората, таканаречена бомба, со генералниот секретар на владата, Драги Рашковски. Велат дека јавноста е доведена во заблуда околу случајот со тендерот за набавка на авио-навигациска опрема.
Генералниот секретар порачува дека е крајно време да се престане со ова и дека се` што треба, ќе покаже истрагата, а последниот збор ќе го има судството. Премиерот Заев, пак, рече дека првин треба да ја чуе новата снимка, па потоа ќе се изјасни. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Рашковски.