Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, изрази загриженост од зајакнувањето на врските меѓу Русија и Украина, пишува весникот „Ле Монде“.
„Овој настан не е директна закана, но е фактор што предизвикува загриженост. Секоја земја има право сама да ги одредува своите сојузи. Жал ми е што Украина не успеа да потпише договор за асоцијација со Европската унија“, изјавил Расмусен.