Оглас за 30 воспитувачи во градинките, кој ќе трае до 14-ти декември, распиша Министерството за труд и социјална политика, во соработка со УНИЦЕФ и Британската амбасада.
На огласот може да се јават сите воспитувачи/ки и педагози од детските градинки, кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на раното учење и развој во градинките, а ги исполнуваат критериумите наведени на следниот ЛИНК
„Програмата за подобрување на квалитетот на раното учење и развој во установите за згрижување и вопситание на децата се спроведува за првпат во Македонија. Програмата ќе се пилотира во 7 градинки, и ќе бидат обучени 30 воспитувачи за колегијална поддршка“, се вели во соопштението од Министерството.
Оттаму додаваат дека главна цел на програмата е безбедна околина во која ќе растат и ќе се развиваат децата. што не подразбира само безбедност на физичкиот простор, туку и емотивно безбедна и сигурна околина која треба да ја обезбедат возрасните кои ги учат и поучуваат малите деца. За креирање на безбедна социјална средина потребни се знаења и вештини кои можат да ги подобрат и инклузивните практики во установите за деца.