Стрелците беа извонредно расположени во првите два дуела од 27-то коло на англиската Премиер лига во кои Вотфорд на гости го победи Кардиф со 5:1, додека Вест Хем со 3:1 беше подобар од Фулам.
Жерар Деулофеу Лазаро беше троен стрелец за Вотфорд во 18, 61 и 63 минута, а двапати за победници погоди и Динеј во 73 и во првата минута од судиското продолжение, почесниот гол за домашните го постигна Бамба во 82 минута.
Вотфорд моментално е седми на табелата, место кое води во Лига Европа, со 40 бодови, еден повеќе од Вулверхемптон кој има бод повеќе. Кардиф, пак, е 17-ти со 25 бодови, само еден повеќе од 18-от Саутемптон кој е на последната позиција која води во понизок ранг.
Вест Хем со пресврт дојде до домашната победа над Фулам. Гостите поведоа преку Бабел во 3 минута, а стрелци за гостите беа Хавиер Фернандез во 29, Диоп во 40 и Антонио во првата минута од судиското продолжение.
Вест Хем моментално е деветти со 36 бодови, а Фулам има 17 бодови и е претпоследен 19-ти, осум бодови помалку од првата позиција која гарантира опстанок во Премиершип.
На чело на табелата израмнети со по 65 бодови се Манчестер Сити и Ливерпул, кој има натпревар помалку. Третиот Тотенхем заостанува пет бодови, а Манчестер Јунајтед на четвртото место има 51 бод. Петтиот Арсенал има 50 бодови колку и шестиот Челзи со кој ќе се борат за местото кое води во квалификациите во Лигата на шампионите.
Во сабота се играат дуелите Барнли – Тотенхем, Борнмут – Вулверхемптон, Њукасл Јунајтед – Хадерсфилд и Лестер – Кристал Палас, а во недела се среќаваат Арсенал – Саутемптон а во Манчестер се игра големото дерби на англискиот фудбал меѓу Јунајтед и Лувепрул.