4.8 C
Skopje
сабота, ноември 30, 2024

Раст на бројот на заразени во Полска

Во Полска во последните 24 часа се потврдени 458 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен раст за повеќе од еден месец, соопшти министерството за здравство на таа земја.

Растот на дневниот број на новозаразени во изминатите денови е предизвикан највеќе од жариштата во три рудници на југот од земјата во регионот Горна Шлезија.

Владата, меѓутоа, наведува дека во овој момент нема причина за загриженост и дека нема намера повторно да воведе рестриктивни мерки, пренесе „Би-Би-Си“.

Од новите случаи 184 или 40% се забележани во Горна Шлезија каде по заразување на рударите е спроведено масовно тестирање.

16% од сите досега забележани случаи на корона во Посла се рудари, но според податоците на министерството за здравство 97% од нив немале симптоми.