![industrija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/industrija.jpg?resize=396%2C304&ssl=1)
Индустриското производство во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 4,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 3,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21,5 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,5 отсто и Капитални производи за 39,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16,5 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 отсто.