Раст на Волстрит во нестабилното тргување

Берзанските индекси пораснаа на њујоршки Волстрит во четвртокот, но по нестабилното тргување, а инвеститорите се фокусираа на акциите на технолошките гиганти „Nvidia“ и „Alphabet“.

Индексот Dow Jones зајакна 1,06 отсто, на 43.870 поени, додека S&P 500 порасна за 0,53 отсто, на 5.948 поени, а индексот Nasdaq 0,03 отсто, на 18.972 поени.

Инвеститорите беа фокусирани на кварталниот деловен извештај на „Nvidia“. Нето профитот на производителот на чипови достигна 19,3 милијарди долари во третиот квартал, двојно повеќе од истиот квартал минатата година. Приходите на „Nvidа“, пак, скокнаа за 94 отсто на годишно ниво, на 35 милијарди долари. Иако резултатите се подобри од очекувањата на аналитичарите, акциите на компанијата беа под притисок во текот на денот, па нивната цена падна за повеќе од 2 отсто.

Сепак, тргувањето на Волстрит заврши со добивка од 0,5 отсто.

Од друга страна, акцијата на „Alphabet“ вчера беше меѓу најголемите губитници, со пад на цената од над 4,5 отсто. Ова следеше по аргументот на американското Министерство за правда пред судот дека „Google“ мора да го продаде својот прелистувач Chrome и да преземе други мерки за да го прекине својот монопол над онлајн пребарувањето.

Вчера пораснаа и индексите на европските берзи. Лондонски FTSE зајакна 0,79 отсто, на 8.149 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,74 отсто, на 19.146 поени, а париски CAC 0,21 отсто, на 7.213 поени.