Раст на наталитетот во Неготино. За една година наталитетот во општината бележи раст од осум отсто, информираа денеска од тамошната локална самоуправа.
Како што информираат, во периодот од 30-ти август 2013 до 30-ти август 2014 година во општина Неготино се родиле вкупно 176 деца, додека во периодот од 30-ти август до 2014 до 30-ти август 2015-та година родени се 190 деца.
Годинава се раѓаат по 18 деца месечно
Од општината посочуваат дека во просек во 2013 година се раѓале по 13 деца месечно, во 2014 по 15, а во првите 7 месеци од оваа година бројката е зголемена на 18 новородени деца месечно.
Инаку со цел зголемување на наталитетот во општината, локалната саоуправа презема конкретни мерки. Во последните две години на секое семејство кое има новороденче му се доделува финансиска поддршка во висина од 7.000 денари.
Продолжуваме со спроведувањето на оваа мерка и во наредниот период, со очекување бројот на новороденчиња континуирано да се зголемува, велат од локалната самоуправа.