![ugostitelski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/ugostitelski.jpg?resize=696%2C377&ssl=1)
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемување е забележано во групата Храна за 0,4 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,6, Безалкохолни пијалаци за 0,6 и Ноќевања за 0,6 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец претходната година е зголемен за 1,7 отсто. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година е зголемен за 0,6 отсто, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0,5 проценти.