Расте бројот на заразени во Црна Гора, денеска нови 40

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во четвртокот вечерта соопшто дека се регистрирани 40 новозаразени со коронавирусот, во оваа земја за помалку од три седмици има 292 заразени лица од кои три починанале.

За споредба, во Црна Гора од средината на март до почетокот на јуни со коронавирусот имаше вкупоно заразени 324 лица.

Црногорското Национално координативно телот за заразни болести, во четвротокот, откако пред два дена во целата држава го забрани работењето на ночните и диско клубовите, повторно воведе строги мерки за неколку градови на томеѓето со Србија и Косвоо, кои имаат раст на бројот на заболените со Covid-19.

Така, во Гушиње и Берание, меѓу другото, забрането се групирања на повеќе од две лица, маските се задолжителни и на отворен и на затворен простор, во автомобил можат да се возат најмногу две лица, а повторно се затворени и детските градинки. Истите мерки важат и за Рожае, градот со најмногу заболени во Црна Гора во однос на бројот на жителите. За непочитување на мерките одредени се високи парични казни.

„Со законор кој вчера е излгасан во парламентот на Црна Гора, предвидени се парични казни од 2.000 до 20.000 евраза прекршоци на правни лица, а за физичките лица казните се од 100 до 2.000 евра“, соопшти црногорската влада.

Покрај тоа, на телата на државната и локалната власт, како и на јавните установи и стопанските субјекти им е препорачано во границите на можностите да го организираат работењето од дома.

Првиот случај на коронавирусот Црна Гора го потврди на 17-ти март за по два и пол месеца од спроведување на мерките да прогласи крај на епидемијата на својата територија на 2-ри јуни, откако 28 дена последователно немаше потврдени случаи на заразата. Новите случаи се појавија на 14-ти јуни, кога според властите во Подгорица вирусот го донеле Црногорци кои се вратиле од Белград каде биле на дербито меѓу Партизан и Црвена ѕвезда.