Бројот на жртвите во експлозиите во армиските складишта во близина на градот Бата во северозападна Екваторијална Гвинеа се зголеми во понеделникот на 30, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на локалните медиуми.
Во последните часови во понеделникот од под уранитините се извадени уште десет тела, со што вкупниот број загинати досега е 30 луѓе, а 600 се повредени, се истакнува во извештајот на државната телевизија TVGE. Четири експлозии се случиле попладнето на 7-ми март во воената база „Нкоа Нтома“.
Претседателот на оваа мала централноафриканска држава Теодоро Обијанг Нгуема за несреќата ги обвини земјоделците поради палење на плевелот, но и војската поради „небрежност при ракување со експлозивни супстанции“. Ја обвини војската, која го обезбедувала арсеналот, за недоволна будност во базата во близина на економската престолнина на земјата. Шефот на земјата, исто така, апелираше и до меѓународната заедница со апел да ѝ се помогне на Екваторијална Гвинеа поради огромните штети од експлозиите.
Телевизиите TVGE прикажа десетици уништени објекти околу областа на експлозијата, во населбата во кои живее главно посиромашно население. Очевидците сведочат дека првите три експлозии се случиле речиси истовремено околу 15 часот по локално време. Два часа подоцна оддекнала и четвртата експлозија која ја потресла Бата, која покрај економска престолнина е и најголемиот град во земјата.
„Не спиевме изминатата ноќ, куќите продолжија гореа цела ноќ и слушавме помали детонации, сите жители на квартот во дијаметар од 2 до 4 километри од експлизиите не можеа да се вратат дома“, изјавил телефонски за AFP жител на разорениот кварт.
Стравичните експлозии буквално ги срамниле со земјата зградите во кои виле сместени и припадници на специјалниет сили и на жандармеријата како и нивните семејства.
„Десет тела извлекоа спасувачките екипи утрото, па продолжуваат потрага по преживеаните“, изјави репортерот на телевизијата TVGE којашто е под министерството за информации.
Три деца на возраст од три и четири години се извлечени живи од под урнатините и се пренесени во локалните болници. Но телевизијата очекува дека бројот на загинатите ќе се зголемува, и опишува дека областа наликува како да е бомбардирана.