За два дена разбојништво и тешка кражба во Скопје.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска разбојник го ограбил казиното Астра, а ден прехдходно се случила кражба тешка половина милион денари во куќа во Скопје.
Околу два часот по полноќ разбојник вооружен со пиштол извршил разбојништво над вработената во автомат „Астра“ и одземал 27.000 денари, по што избегал.
Преходниот ден арамија успеал преку незаклучена врата да влезе во домот на 48-годишниот А.А. на улица „42“ во Скопје. Насилно ја отворил вратата од спалната соба и извршил тешка кражба одземајќи разновиден златен накит и 12.000 денари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 550.000 денари.
Полицијата работи на расчистување на двата инцидента.